Дома Фудбал Микел Артета не оди никаде од Арсенал, добива поголема плата!

Микел Артета не оди никаде од Арсенал, добива поголема плата!

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, постигнал договор за продолжување на соработката со англискиот фудбалски гигант, ставувајќи крај на долготрајните шпекулации околу неговата иднина.

И покрај тоа што неговиот постоечки договор истекуваше на крајот од оваа сезона, преговорите со управата на клубот беа успешно завршени на задоволство на двете страни.

Според новиот договор, шпанскиот стратег ќе добие значително зголемување на платата од моменталните 12 милиони евра годишно, плус дополнителни бонуси до 6 милиони евра.

Деталите за точната должина на договорот сè уште не се официјално објавени, меѓутоа, се предвидува дека Артета ќе остане на кормилото на „Топџиите“ најмалку една деценија.

Инаку, шпанскиот тренер пристигна во Лондон уште во декември 2019 година и постепено ја трансформисаше екипата, претворајќи ја во еден од главните фаворити за сите трофеи.

Сам Артета неодамна ги смири навивачите со изјава дека нема потреба да се грижат за неговото останување во клубот.

“Немате причина за грижа бидејќи сакам да останам тука. Извонредно сум задоволен и многу благодарен за можноста да работам со луѓето со кои соработувам,” истакна водачот на лондонскиот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Винисиус беше на чекор од трансфер: Еве каде требаше да заврши!

Повеќе од една година траеја преговорите на Винисиус Жуниор со раководството на Реал Мадри…