
Фудбалерите на Атлетико Мадрид го совладаа Реал Мадрид со резултат 2:1 во големото градско дерби, а по натпреварот следеше реакција која брзо стана хит на социјалните мрежи.
Младиот ас на Барселона, Ламин Јамал не го криеше своето задоволство од исходот на средбата. На објавата на Инстаграм на репрезентативниот соиграч Марк Пубил, кој по победата на Атлетико сподели фотографија од дербито, Јамал остави коментар составен од пет емотикони на експлозија.
Тој потег веднаш привлече големо внимание на навивачите, а коментарот за кратко време собра повеќе од илјада лајкови и предизвика бројни реакции.
Објавата на Јамал не изненади многумина, бидејќи неодамна во интервју со легендарниот Хорхе Валдано призна дека ги следи натпреварите на Реал Мадрид и дека ужива кога кралскиот клуб губи.
.Ламин Јамал коментира на објавата на Марк Пубил. https://t.co/I3xuEOtr3K pic.twitter.com/Trqjc2gfN3— Atletico Universe (@atletiuniverse) 20 септември, 2026