
Фудбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингам, во интервју за „DAZN“ откри интересни детали за своите соиграчи, а со одговорите успеа да насмее многумина.
Белингам доби неколку необични прашања за атмосферата во соблекувалната на „кралскиот клуб“.
На прашањето кој е најсмешниот играч, без многу размислување го избра Винисиус Жуниор.
„Вини Жуниор“, одговори Белингам со насмевка.
А кој е секогаш гладен? Тука изборот падна на Дин Хаусен.
„Дин Хујсен. Тој јаде како тројца луѓе“, откри Англичанецот.
За омилен играч на сите во тимот, Белингам го посочи Родриго.
„Родриго. Сите го сакаат“, порача тој.
Кога бил прашан кој е најемотивниот, Белингам повторно се стави себеси на прво место.
„Јас“, кратко одговори тој.
Интересен беше и одговорот на прашањето кој најчесто добива реакции од Жозе Мурињо.
„Не сакам да кодошам… јас“, се пошегува Белингам.
На крајот, кога требаше да се опише себеси со еден збор, фудбалерот на Реал Мадрид немаше дилема:
„Најинтензивниот.“