
Конор Мекгрегор повторно ја возбуди јавноста на ММА. Поранешниот првак на УФЦ најави дека по истекот на договорот со најсилната светска ММА организација, го привлекува премин во bare knuckle бокс, односно борби без ракавици.
Ирската ѕвезда објави порака во која јасно стави до знаење дека се радува на новото поглавје од кариерата. „Уште една борба. Едвај чекам „bare knuckle“. Уште една борба и Mac Daddy е слободен”, порача МекГрегор.
МекГрегор според актуелниот договор има уште една борба во UFC, по што би можел да стане слободен борец. Токму затоа последните месеци се повеќе зборува за можноста на настап за Bare Knuckle Fighting Championship, организација во која е и еден од сопственците.