Дома Фудбал Арсенал го чува триото незаменливи ѕвезди

Арсенал го чува триото незаменливи ѕвезди

Фудбалскиот клуб Арсенал нема никаква пауза, а спортскиот директор Андреа Берта започна преговори за обновување на договорите на клучните играчи.

Англиските медиуми пренесоа дека Арсенал сака да понуди нови договори на Јуриен Тимбер, Деклан Рајс и Мартин Одегард.

Тие се меѓу незаменливите играчи во тимот на Микел Артета, имаат договори до летото 2028 година, па Андреа Берта сака навреме да ја осигура нивната иднина на „Емиратите“.

Рајс е најскапо платеното засилување на Арсенал, пристигна од Вест Хем летото 2023 година за 116.000.000 евра и ја оправда секоја пара. Истото важи и за Тимбер и Одегард, кои се клучни играчи во системот на Микел Артета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Страв и трепет: Фернандо Торес постави необичен рекорд (Видео)

Атлетико Мадрид објави видеоснимка на која Фернандо Торес (42) удира боксерска крушка и по…