Дома Фудбал Диего Симеоне се соочува со нови проблеми

Диего Симеоне се соочува со нови проблеми

Играчот на средината на теренот на Атлетико Мадрид, Пабло Бариос, се здоби со повреда и ќе мора да отсуствува од неколку натпревари.

По прошла сезона кога пропушти добар дел од вториот дел, Бариос успеа да се врати во стартната постава оваа сезона, но повторно се соочи со повреда.

Беше клучен играч во сите натпревари од почетокот на сезоната, со 371 минута на теренот, што јасно го покажува довербата што Диего Симеоне ја има во него.

И покрај тоа, тој ќе мора да отсуствува од неколку натпревари, меѓу кои и дербито против Реал Мадрид за следниот викенд, како и претходно натпреварите со Реал Сосиедад и Осасуна. 

Ќе видиме како Симеоне ќе го реши прашањето за овие три претстојни натпревари до репрезентативната пауза, но верува се дека новодојдениот Јулман ќе добие позначајна улога…

Атлетико гостува кај Реал Сосиедад во недела од 21.00 часот, потоа во среда од 19.00 ќе ја пречека Осасуна, додека „мадрилињото“ е на програмата на 20 септември во 16.15 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Mбапе е воодушевен од Мурињо: Не можеш да станеш Жозе, ако не си таков

Француската ѕвезда Килијан Мбапе ги сподели првите импресии од соработката со Жозе Мурињо …