Дома Фудбал Ришарлисон е во голем проблем: Tottenham го пречкрта, му остана само бизарно решение од ФИФА!

Ришарлисон е во голем проблем: Tottenham го пречкрта, му остана само бизарно решение од ФИФА!

Само неколку дена откако изгледаше дека конечно може да ја пронајде излезната врата од ситуацијата во која се најде во Tottenham, иднината на Ришарлисон повторно е целосно неизвесна.

Бразилецот ова лето беше на чекор од враќање во Everton, клубот во кој претходно остави длабока трага, но договорот помеѓу Tottenham и англискиот премиерлигаш пропадна пред затворањето на трансфер пазарот.

Самиот Ришарлисон посака враќање на Goodison Park, но по сè, изјави дека преговорите биле водени според интересите на други луѓе.

По неуспешниот трансфер, ситуацијата за 28-годишниот напаѓач стана уште покомплицирана.

Тотнем го изостави од списокот од 25 играчи кои можат да настапуваат во Премиер лигата, иако сè уште тренира со првиот тим.

Тоа значи дека до јануари не може да игра натпревари во првенството и му остануваат само куп натпреварите како единствена натпреварувачка опција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лацио броеше до шест: Ни два одбранети пенала не го спасија Сасуоло!

Лацио го растури Сасуоло со 6-2, а Турати спречи уште потежок пораз со два одбранети пенал…