
Приказната што денес сериозно ја потресе турската фудбалска јавност сега доби јасен одговор, и тоа директно од кругот на еден од најпознатите тренери на денешницата.
Имено, се појавија тврдења дека Трабзонспор започнал сериозни преговори со Пеп Гвардиола, откако клубот остана без тренерот Фатих Теке.
Турските медиуми дури наведуваа и неверојатна цифра од 13 милиони евра годишно како потенцијална плата за шпанскиот стратег.
Таквите информации брзо се проширија, особено поради фактот што за Трабзонспор од минатото лето настапува и големата египетска ѕвезда Мохамед Салах, кој пристигна во Турција по истекот на договорот со Ливерпул.
Сепак, од спектакуларното сценарио нема да има ништо. Како што наведува шпанскиот весник АС, агентот на Гвардиола јасно ја отфрли можноста неговиот клиент оваа сезона да преземе било кој клуб или репрезентација.