
Иако зад него остана разочарувачка сезона во која Реал Мадрид не освои ниеден трофеј, еден од најдобрите напаѓачи на сегашноста, Килијан Мбапе, го задржа високото самопочитување.
Французинот исто така не сјаеше на Светското првенство, каде неговата репрезентација остана без медал, но тоа не ја разнишу неговата верба во сопствените вештини пред новите натпреварувачки предизвици.
Во пресрет на натпреварот од првото коло на Лигата на шампионите против Интер од Милано, талентираниот напаѓач реагираше на бројните критики за неговиот однос со Винисиус Жуниор и недоволниот придонес во одбраната.
“Се’ е до мене и Винисиус во одбраната? Сите треба да напредуваме во одбранбениот аспект, и со топка, и без неа”, изјави Мбапе.
Кога беше прашан за освојување на Златната топка и за епитетот најдобар играч на планетата, тој даде искрен и нескромен одговор.
“Секогаш се чувствувам како да сум најдобар на светот, но тоа е сосема лично”, рече тој.