
Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (Фифа) Џани Инфантино ќе се кандидира за нов мандат на изборите кои се закажани за 2027 година, соопшти денеска портпаролката на оваа организација.
„Претседателот на Фифа во април објави дека повторно ќе се кандидира за реизбор. Се разбира, ништо не се смени. Господинот Инфантино повторно ќе се кандидира“, се наведува во соопштението на Фифа, ја пренесе Би-Би-Си (BBC).
Инфантино во последните месеци се соочува со силни критики и откажување на поддршката, откако неговиот план за продажба на дел од заработката од Светското првенство на приватни инвеститори пропадна.