Дома Фудбал Му одбрани пенал на Мбапе: По натпреварот кажа како го провоцирал

Му одбрани пенал на Мбапе: По натпреварот кажа како го провоцирал

Килијан Мбапе неуспешно реализираше пенал во четвртата минута од судиското продолжение и така пропушти да му донесе бод на Реал Мадрид во поразот со 0:1 од Бетис во четвртото коло на Ла Лига. Голманот на Бетис, Алваро Валјес, го одбрани неговиот удар, а по натпреварот изјави дека детално ја анализирал изведбата на пеналите од страна на францускиот фудбалер.

“Знаев дека Мбапе шутура кон аглите, па се обидов да почекам колку што можев. Тоа беше насоката во која одлучив да се движам”, рече Валјес, откривајќи дека се обидел да го изнервира Мбапе уште пред изведбата на пеналот. Му реков: “Каква среќа имаш, пенал во последната минута, колку си среќен.”

По одбраната, дојде до конфликт помеѓу двајцата играчи, при што Валјес му викаше на Мбапе и силно го удри. Мбапе го турна. Сето тоа можете да го видите ОВДЕ на 2:25 во видеото.

Ова беше првиот пораз на Реал откако Жозе Мурињо се врати на неговата клупа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Има објаснување: Еве зошто не е повторен пеналот на Мбапе

Контроверзната ситуација го одбележа финишот на натпреварот помеѓу Бетис и Реал Мадрид. Во…