
Трансферот беше на повидок, сите документи беа потпишани, но во последниот момент – крах. Евертон ги распродаде речиси сите свои истакнати опции и остана само со Тијарн Бери како класичен напаѓач.
Фоларин Балогун требаше да дојде од Монако за 50.000.000 и значајно да помогне, но во последен момент, американскиот напаѓач одлучи да го стопира трансферот.
Како и зашто: објаснува спортскиот директор на Монако Тиаго Скуро.
“Премиер лигата има механизам кој овозможува да се побара дополнителен час за завршување на целата документација. Тоа беше решено пет минути пред крајот на трансфер периодот. Јас го потпишав договорот, исто и Евертон. Во последен момент, играчот одлучи да не го стори тоа. Балогун практично кажа: ‘Не чувствувам дека клубот ме третираше добро. Не се чувствувам сигурно заради начинот на кој медицинскиот оддел на Евертон ја доведе во прашање иднината на моето здравје. Ништо немам и затоа не сум спремен да потпишам долгорочен договор. И тоа беше начин како го завршивме нашиот трансфер период.’
Околу четири часот попладне, Бало беше во Ливерпул за медицински прегледи. Сè течеше добро. Околу седум часот, од Евертон контактираа во врска со медицинските наоди, кои за нас, нашите лекари и за Балогун немаа смисла. Објаснувањето не беше доволно за да предизвика загриженост за иднината на играчот. Таа загриженост не постоеше”.
Оперативецот на Монако инсистира дека не сака да создаде никаква војна со Евертон или Челси поради пропаднатите договори, бидејќи и “сините” имаа пропаднат договор со “кнезовите” за Ламин Камара.
Тимот од Лига 1 беше принуден да продаде барем еден од двојката поради финансиските правила во Франција. На крајот останаа двајцата, барем засега. Што се однесува до Ламин Камара, тој требаше да потпише за Челси за 55.000.000 и сè беше практично договорено.
“Убеден сум дека тој наскоро ќе има уште подобри опции и понуди од онаа што ја имаше последниот ден на трансферниот период”, изјави Скуро.