
Новиот фудбалер на Манчестер Сити, Енцо Фернандес, денес изјави дека со преминувањето во редовите на десеткратниот шампион на Англија му се исполнила животната желба.
„Многу сум среќен што сум тука. Отсекогаш сонував да бидам во клуб од големината на Сити. Благодарен сум на оваа можност. Ова е многу емотивен момент за мене и за моето семејство, да го направам овој чекор на 25 години, во фудбалска кариера за која oтсекогаш сум сонувал“, рече Фернандес за сајтот на клубот.
Фернандес во ноќта меѓу вторникот и средата од Челзи премина во Манчестер Сити, со трансфер вреден вкупно 125 милиони фунти.