Дома Фудбал Челси и Ливерпул водат битка за фудбалер на Монако!

Челси и Ливерпул водат битка за фудбалер на Монако!

Челси и Ливерпул се заинтересирани да го донесат Ламин Камара, 22-годишен средишен играч од Монако, во своите редови пред крајот на трансфер периодот, според вестите на “L’Équipe”.

Монако е подготвен да разгледа понуди за Сенегалецот, оставајќи простор да се види кој клуб ќе биде поорганизиран во намерата и дали Камара ќе ја продолжи кариерата во Премиер лигата.

Челси гледа во него потенцијален наследник на Енцо Фернандез, во случај Аргентинецот да се реши за заминување во Манчестер сити. Од друга страна, Ливерпул исто така размислува за ваков потег, бидејќи новиот тренер Андони Ираола има потреба од талентиран средишен играч, а Камара совршено одговара на тие барања.

Камара одлично ја започна новата сезона и се вбројува меѓу клучните играчи на Монако.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Aлварез во последните моменти може да направи изненадувачки трансфер

Хијан Алварез може да биде големото изненадување на летото, но не во Барселона, туку во Ар…