Дома Фудбал Тиквеш казнет за натпреварот против Шкендија!

Тиквеш казнет за натпреварот против Шкендија!

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе одлуки за дисциплинските прекршоци направени на натпреварите од домашните фудбалски натпреварувања.

ГФК Тиквеш 1930 е казнет со парична казна од 5.000 евра поради националистички скандирања и фрлање предмети на теренот за време на натпреварот ГФК Тиквеш 1930 – ФК Шкендија Арачиново 77;

ФК Струга Трим Лум АД е казнет со парична казна од 2.000 евра поради слаба организација на натпреварот, односно необезбедување паркинг простор за гостинската екипа и несоодветно обележување на линиите на теренот за игра;

Фудбалерот на ФК Беласица, Димитриј Димитриевски, е казнет со забрана на настап на еден натпревар поради добиен втор жолт, односно црвен картон;

Фудбалерот на ФК АП Брера Струмица, Зоран Ивановски, исто така е казнет со забрана на настап на еден натпревар поради добиен втор жолт, односно црвен картон;

Се поведува дисциплинска постапка против ФК Шкендија Арачиново поради слаба организација на натпреварот со ФК Аресими од 4. коло во Прва МФЛ, односно присуство на неслужбени лица во службени простории, обид за физички напад на судија и фрлање на предмети во теренот за игра;

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Oткриено каде Грилиш ќе ја продолжи кариерата

Остануваат само неколку дена до завршувањето на трансфер периодот, а едно од најголемите п…