Дома Фудбал Оли Воткинс на прагот на заминување во Ал Хилал, Астон Вила го подготвува Николас Џексон

Оли Воткинс на прагот на заминување во Ал Хилал, Астон Вила го подготвува Николас Џексон

Оли Воткинс се наоѓа на чекор од трансфер од Астон Вила во саудискиот клуб Ал Хилал. Според објавите на Фабрицио Романо, клубовите се договориле околу трансфер во вредност поголема од 60 милиони евра, а англискиот напаѓач ги има усогласено личните услови со новиот тим.

Се очекува Воткинс наскоро да отпатува на медицински прегледи, откако Вила му даде зелено светло за заминување.

Астон Вила веќе подготвува замена за Воткинс. Унаи Емери се насочил кон Никола Џексон од Челзи, и двата клуба се согласиле за трансфер во вредност околу 75 милиони евра.

Сенегалскиот напаѓач се очекува да потпише долгорочен договор и да ја преземе улогата на главен напаѓач во Астон Вила откако Воткинс, кој важеше за најдобар стрелец на клубот последниве шест сезони, ќе го напушти тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп веднаш започна со работа: Разговарал со Комапни и тренерите на младинските селекции

Јирген Клоп сериозно ја започна својата нова улога како селектор на германската репрезента…