Дома Фудбал Тони Крос без дилема: „Златната топка треба да му припадне на Кварацхелија“

Тони Крос без дилема: „Златната топка треба да му припадне на Кварацхелија“

Тони Крос нема дилема кога е во прашање овогодишниот избор за „Златната топка“. Германската фудбалска легенда смета дека престижното признание треба да заврши во рацете на грузискиот репрезентативец Квича Кварацхелија.

„Златната топка треба да му припадне на Квича Кварацхелија. Веројатно нема да ја освои, но без никакво двоумење, тој е број еден“, истакна Крос.

Крос своето мислење го темели и на влијанието што го имаа најдобрите фудбалери на последното Светско првенство, посочувајќи дека Меси, Џуд Белингем, Килијан Мбапе и Родри имаа просечни клупски сезони.

Според него, Кварацхелија се издвојува со своите настапи на највисоко ниво.

„Најдобрите играчи на Светското првенство беа Меси, Џуд, Мбапе и Родри, но тие имаа просечни клупски сезони. Квара беше најдобриот играч од моментално најдобриот клуб во светот“, порача Крос.

Изјавата на Крос дополнително ја разгоре дебатата околу тоа кој заслужува да ја освои „Златната топка“, а Кварацхелија очигледно има голем поддржувач во германската фудбалска ѕвезда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ѕвезда на Барселона по разговорот со Флик веднаш го повикала својот агент

Манчестер Јунајтед продолжува да бара нов лев бек, а откако неколку претходни опции станаа…