Дома Фудбал Најлудиот потег на Мурињо ова лето: Бисерот на Барселона како „одмазда“ за Родри!

Најлудиот потег на Мурињо ова лето: Бисерот на Барселона како „одмазда“ за Родри!

Реал Мадрид не заврши со засилувањата ова лето. До крајот на преодниот рок кралскиот клуб би можел да се засили со шпанскиот играч за врска Нико Гонзалез.

Детето на Барселона, бисерот на Ла Масија Нико Гонзалез, би можел да стане нов член на Реал Мадрид.

Според информациите што доаѓаат од Шпанија, Жозе Мурињо сака да делува на пазарот и да донесе уште еден играч за врска и смета дека Нико Гонзалез би бил многу добра опција.

Родри требаше да биде тој што ќе го води средниот ред на Кралевите. Меѓутоа, најголемиот ривал Барселона го украде од пред носот на кралскиот клуб, па сега Специјалниот би сакал да возврати со некаква одмазда.

Доведувањето на бисерот на Барса, момчето кое поголем дел од животот го помина во дресот на каталонскиот клуб, сега стана приоритет и ќе видиме дали 24-годишникот ќе се согласи на понудата од Реал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал утрово испрати спектакуларна понуда за Хулијан Алварез

Арсенал направи последен обид да го донесе Хулијан Алварез, а според информациите што ги о…