
Фудбалерите на Интер Мајами не успеаја да победат и во третата последователна средба од американската МЛС, откако одиграа нерешено – 2:2 против Филаделфија, а ден по натпреварот се појави видео кое ги изненади сите.
Лионел Меси, главната ѕвезда на Интер и на целата лига, е во фокусот, откако во еден момент се обиде да го удри противничкиот играч со шлаканица, и во тоа делумно успеа.
Имено, Меси му пријде на 22-годишниот играч на Филаделфија, Квин Саливан, и по размена на неколку зборови, со отворена дланка го удри во лицето.
🚨🚨| НОВО: Лионел Меси го допре Квин Саливан на задниот дел од вратот пред да му се спротивстави лице в лице.
— CentreGoals. (@centregoals) August 20, 2026
Овој потег сега ќе биде оценет од страна на Дисциплинската комисија.
[@Jarm21] pic.twitter.com/nKRRYjif2b
Потоа, Саливан се упати кон Меси и започнаа расправае лице в лице, но судијата брзо притрча кон играчот на Филаделфија и го отстрани од ситуацијата со Аргентинецот.
Меси помина без жолт картон во оваа ситуација, додека Саливан подоцна доби јавна опомена, а неговиот брат Каван Саливан заработи директен црвен картон во судиското продолжение.