Дома Фудбал Ѓоковиќ објави кога ќе ја заврши кариерата!

Ѓоковиќ објави кога ќе ја заврши кариерата!

Новак Ѓоковиќ (39), најтрофејниот тенисер во историјата, во интервју за каталонскиот Спорт сподели кога планира да го затвори ова поглавје од својот живот. Со рекордни 24 Гренд Слем титули и 40 Мастерс титули, Ѓоковиќ своите најголеми успеси ги комплетираше во 2024 година во Париз, кога освои олимписко злато. Тој изјави дека тоа е врвот на неговата кариера.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Запрашан дали учеството на следните Олимписки игри, кои ќе се одржат во Лос Анџелес во 2028 година, е реална амбиција или само желба, Ѓоковиќ одговори: “Сметам дека е и двете. Тоа е и сон и амбиција, но и желба. Последниве неколку години често говорев дека сакам да играм на Олимпијадата во Лос Анџелес 2028. Мислам дека тоа е остварливо. Ќе видиме. Зависи од тоа како ќе реагира моето тело и од многу други услови.

“Сакам да ја завршам кариерата во Лос Анџелес со српското знаме на рамената”

Сега не играчам толку често на турнирите како претходниве дваесет години. Тоа е мој избор, бидејќи сакам да поминувам повеќе време со семејството и да се посветам на различни улоги во животот, како сопруг, татко, син или брат, како и на други интереси што ги имам.

Секако, тенисот и понатаму е во центарот на мојот професионален живот, но исто така сакам да најдам баланс, па затоа го изменив својот календар. Сепак, се надевам дека ќе учествувам на следните Олимписки игри и ќе ја завршам кариерата со српското знаме на рамениците.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ново чудо од дете во Ла Лига: На 15 години го надмина Јамал!

Марк Сантос го запиша своето име во историјата на шпанскиот фудбал. Младиот играч на Леван…