Дома Фудбал Македонец ќе игра во Индинезија!

Македонец ќе игра во Индинезија!

Поранешниот младински македонски репрезентативец Стефан Јевтовски направи нов интернационален чекор во кариерата. Искусниот дефанзивец ќе игра во Индонезија, каде што потпиша за ПСМ Макасар.

Јевтовски минатата сезона беше дел од Струга, но по истекот на договорот дојде до разделба поранешниот шампион во ПМФЛ.

За Јевтовски ова не е прв интернационален ангажман. Во досегашната кариера настапуваше во неколку европски земји, бранејќи ги боите на Вараждин во Хрватска, Локомотив Пловдив во Бугарија, Ујпешт во Унгарија и Арсенал Киев во Украина.

Во домашниот фудбал, пак, беше дел од Работнички и Металург каде што ги направи првите фудбалски чекори.

Сега пред Јевтовски е ново поглавје, овојпат во далечната Индонезија, каде што ќе се обиде со своето искуство да му помогне на ПСМ Макасар да ги оствари клупските амбиции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лацио чекаше 16 години за ова: Гатузо на врвот, навивачите во бојкот!

Девет победи, едно реми и прво место во Серија А: Лацио го повтори достигнувањето на тимот…