Дома Фудбал Дарвин Нуњез на прагот на трансфер во Трабзонспор

Дарвин Нуњез на прагот на трансфер во Трабзонспор

Дарвин Нуњез има можност да се врати во Европа по само една сезона мината во Саудиска Арабија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според новинарот Салим Манав, 27-годишниот уругвајски напаѓач го договори својот трансфер со Трабзонспор, кој ова лето веќе го ангажираше неговиот поранешен соиграч од Ливерпул, Мохамед Салах.

Нуњез минатото лето го напушти Ливерпул и се приклучи на Ал-Хилал, но неговата ситуација драстично се влоши по доаѓањето на Карим Бензема.

Поради ограничувањата за бројот на странски играчи, испадна од составот за саудиското првенство и можеше да настапува само во азиската Лига на шампионите.

Претходно се зборуваше за негово поврзување со Бешикташ, но според денешните информации, сега е поблиску до Трабзонспор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо: Несреќникот ни дојде неподготвен во Мадрид

Жозе Мурињо не ги штедеше зборовите по дебито на Бернардо Силва за Реал Мадрид, особено ко…