Дома Фудбал Реал Мадрид донесе одлука: Eндрик заминува во Премиер лигата!

Реал Мадрид донесе одлука: Eндрик заминува во Премиер лигата!

Бразилскиот дијамант не успеа да се избори за место во ѕвездената екипа на Реал, а клубот смета дека нова позајмица би била најдобриот потег за неговиот понатамошен развој.

Eндрик е пред нов голем чекор во неговата кариера. Младиот бразилски напаѓач би можел да го напушти Реал Мадрид и следната сезона да ја помине во Премиер лигата, откако неговите претставници од агенцијата Рок Натион почнаа да работат на пронаоѓање на нов клуб.

Според информациите на новинарот Рамон Алварез, Реал Мадрид и тимот на Eндрик се согласија дека нова позајмица би била најдоброто решение за 20-годишниот напаѓач, кој во моментот тешко може да се избори за значајни минути на Сантијаго Бернабеу.

Конкуренцијата во Мадрид стана огромна. Со доаѓањето на нови офанзивни опции како Карлос Еспија и Јан Диоманде, заедно со веќе постоечките ѕвезди како Винисиус Жуниор, Килиан Мбапе, Родриго и Брахим Диаз, патот на Ендрик до место во стартната постава е дополнително отежнат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Микел Артета не оди никаде од Арсенал, добива поголема плата!

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, постигнал договор за продолжување на соработката со анг…