Дома Фудбал Трансфер бомба во најва – Ливерпул сака да се засили од Реал Мадрид!

Трансфер бомба во најва – Ливерпул сака да се засили од Реал Мадрид!

Англискиот гигант ја разгледува можноста за доведување на 23-годишниот стопер Раул Асенсио, кој последниве денови сè почесто се поврзува со заминување од шпанската престолнина.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според наводите на англиските медиуми, првите контакти помеѓу двете страни веќе се воспоставени.

Клучна улога во тоа имаа претставниците на шпанскиот дефанзивец, кои на Ливерпул му ја претставија можноста за неговиот трансфер.

Истовремено, од Мадрид доаѓаат информации дека Реал нема ништо против продажбата доколку пристигне соодветна понуда на адресата на клубот.

Таквиот развој дополнително ги поттикна шпекулациите дека Асенсио наскоро би можел да ја промени средината.

Сепак, конечното решение нема да зависи само од клубовите.

Имено, самиот фудбалер има различни планови од оние што се зборува на моменталниот трансфер пазар.

Најголемата желба на Асенсио останува продолжување на кариерата во Реал Мадрид, каде што сака да го освојува своето место и покрај сè посилната конкуренција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сврзуваат уште еден англиски репрезентативец со Ливерпул

Ливерпул се интересира за дефанзивецот на Тотенхем Џед Спенс, пишува „Сан“. 25-годишниот с…