Дома Фудбал Ваков досега не сте го виделе: Нејмар збесна како никогаш претходно (Видео)

Ваков досега не сте го виделе: Нејмар збесна како никогаш претходно (Видео)

Нејмар е во центарот на вниманието поради бурната реакција.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Нејмар беше главниот актер, по реваншот на осмина финалниот натпревар од Купот на Бразил помеѓу Ремо и Сантос, кој беше обележан со голема тензија на теренот и надвор од него.

Нејмар најпрвин влезе во игра во второто полувреме, асистираше на Рони за победата и конечните 1:0 и пласманот на Сантос во наредната рунда.

По тоа, следеа провокации, на кои Нејмар одговори со праќање бакнежи кон трибините, а потоа влезе во жестока расправија со играчите, стручниот штаб па дури и со претседателот на ривалите.

Тоа не беше крајот на инцидентите, бидејќи навивачите на Ремо потоа го опколија возилото на Нејмар на паркингот и го залола, така што мораше да интервенира обезбедувањето.

Да потсетиме, Нејмар неодамна потврди дека нема повеќе да игра за репрезентацијата на Бразил, а истакна и потенцијален крај на кариерата по истекот на договорот со Сантос во декември оваа година.

⚡️ Neymar во целосен колапс по победата на Сантос против Ремо на Купот на Бразил и сето тоа пред… стручниот штаб, играчите И Претседателот на спротивниот клуб.

Сцената е едноставно лунарна 😳 pic.twitter.com/lpRdx69mZU— RMC Sport (@RMCsport) 5 август, 2026

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Осимен му се нуди на европски гигант: Секогаш сум бил негов навивач…

Виктор Осимен сака да премине во Атлетико Мадрид и е подготвен да направи сѐ за да го оств…