Дома Фудбал Инфантино смисли нова шема: ФИФА продава дел од светското првенство

Инфантино смисли нова шема: ФИФА продава дел од светското првенство

ФИФА планира да создаде ново трговско друштво, кое ќе ги држи правата за светските првенства, и да продаде сериозен малцински удел од него, тврди „Фајненшал Тајмс“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Се очекува новата компанија да биде проценета на околу 20 милијарди долари. Светската фудбалска федерација се обидува да ги искористи исклучително профитабилните Светски првенства ова лето. Првите реакции во Англија беа шок и гнев, а некои ја нарекоа идејата „нуклеарна бомба“ за фудбалот.

Организацијата со седиште во Швајцарија, која е непрофитна, работи со банкари од „Џеј Пи Морган“ за прибирање на милијарди долари преку привлекување на надворешни инвеститори, кои ќе стекнат приближно 20-процентен удел во новата фирма, според извори запознаени со прашањето.

Според „Фајненшал Тајмс“ Џошуа Кушнер, технолошки инвеститор, чиј постар брат Џаред Кушнер е во брак со ќерката на претседателот Доналд Трамп – Иванка Трамп, води разговори да ја предводи зделката преку својот фонд „Трајв Етернал“, тврдат некои од изворите.

Планот е уште еден чекор за привлекување на повеќе средства во ФИФА под водство на контроверзниот швајцарски администратор Џани Инфантино, кој последните години стана близок сојузник на американскиот претседател. Во декември, ФИФА му ја додели на Трамп својата прва „награда за мир“, што според критичарите е спротивно на правилата на управувачкото тело за политичка неутралност.

Набавените средства од продажбата на удели ќе помогнат на ФИФА да пренесе повеќе ресурси кон своите национални сојузи, според еден од изворите. Секоја од 211 членки моментално добива околу 2 милиони долари годишно од ФИФА, без оглед на големината. Инвестициските планови на ФИФА се разработуваат неколку месеци и треба да добијат конечно одобрување.

Се очекува управувачкото тело да генерира приходи од најмалку 13 милијарди долари во тековниот четиригодишен циклус, поткрепен од трговскиот успех на Светското првенство ова лето. Настанот, кој се одржа во САД, Мексико и Канада, му помогна на ФИФА да ги зголеми приходите од 7,6 милијарди долари во претходниот циклус. Очекува се следниот циклус, кој завршува со Светско првенство во Шпанија, Португалија и Мароко, да донесе најмалку 14 милијарди долари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ново засилување на повидок: Ливерпул договара рекорден трансфер

Ливерпул започнал преговори со претставниците на Бредлија Баркола и Пари Сен Жермен. Догов…