Дома Останати Тенис Ѓоковиќ и Сабаленка ќе играат во пар!

Ѓоковиќ и Сабаленка ќе играат во пар!

Најуспешниот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, ќе настапи во двојки со првопласираната тенисерка во светот, Белорусинката Арина Сабаленка, на претстојниот УС Опен, известува BBC.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Последниот Гренд Слем турнир во сезоната започнува на 25 август во Њујорк, и љубителите на тенисот ќе имаат шанса да го гледаат овој спектакуларен двоец заедно на теренот во микс-дубл.

Во последно време, Ѓоковиќ и Сабаленка стекнаа одличен однос, што беше особено видливо на социјалните мрежи каде што честопати комуницираа и ги забавуваа обожавателите поставувајќи си меѓусебни предизвици.

Покрај пријателството, ги поврзуваат и деловни врски. Интересно е што свршеникот на Сабаленка, бизнисменот Георгиос Франгулис, е деловно поврзан со Ѓоковиќ, бидејќи и двајцата инвестираа средства во францускиот клуб Ле Ман.

Секако, Ѓоковиќ и Сабаленка ќе се натпреваруваат и во поединечна конкуренција, каде што ќе бидат меѓу главните фаворити за освојување на титулите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Неочекувано: Ѓоковиќ и Синер истовремено се откажаа!

Јаник Синер и Новак Ѓоковиќ се повлекоа од Мајсторсот во Монтреал, соопштија организаторит…