Дома Фудбал Голманот Возиња потпиша за Коло-Коло, плачеше од среќа, а потоа му соопштија тажни вести

Голманот Возиња потпиша за Коло-Коло, плачеше од среќа, а потоа му соопштија тажни вести

Иако веќе има 40 години, по одличните настапи на Светското првенство, голманот Возиња дочека да потпише договор на кариерата. Возиња потпиша за Коло-Коло, но го дочека студен туш кога откри кој закон е во сила во Чиле.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Една од најубавите приказни на неодамнешното Светско првенство е 40-годишниот голман Возиња кој бранеше за Зеленортските Острови и го воодушеви фудбалскиот свет со своите игри.

Зеленортските Острови направија неверојатен успех со пласманот во нокаут фазата каде што им зададоа сериозни проблеми на Аргентина, која ги елиминираше дури по продолженијата.

Возиња го фасцинираше фудбалскиот свет со своите одбрани, а иако е при крајот на кариерата дочека договор од животот.

Овој голман пред неколку дена потпиша за Коло-Коло и кариерата ќе ја продолжи во Чиле, каде во подоцниот дел од својот живот ќе има највисока плата досега.

Меѓутоа, пристигнувањето во Коло-Коло не можеше да помине без проблеми за Возиња, бидејќи му соопштија при потпишувањето на договорот дека нема да може да го носи прекарот „Возиња“ на дресот.

Во Чиле важи правило дека фудбалерите не можат да носат прекари на дресот, туку само презимиња што за овој 40-годишник е голем удар.

Инаку, неговото целосно име и презиме е Жозимар Жозе Евора Диас, а Возиња му е прекарот. Затоа искусниот голман на дресот ќе мора да го носи презимето Диас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кој е подобар за оваа сезона, Барса или Реал? Пике откри на кого му дава предност!

Поранешниот капитен на Барселона, Жерар Пике, повторно ги разгоре дебатите со нова споредб…