
Шаби Алонсо ќе добие уште две засилувања кои ги сака откако се договори сè со играчите.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Челси направи важен чекор во обидот да го донесе Дени Велбек од Брајтон.
Според информациите што ги пренесуваат Бен Џејкобс и talkSPORT, искусниот напаѓач веќе постигнал договор со Челси за личните услови.
Тоа значи дека помеѓу лондонскиот клуб и 35-годишниот фудбалер веќе нема отворени прашања кога станува збор за договорот.
Сега фокусот е целосно префрлен на преговорите помеѓу Челси и Брајтон.
Двата клуба сè уште разговараат за висината на обештетувањето што треба да биде платено за трансферот.
Челси би можел наскоро да заврши уште една важна работа. Според претходни информации, лондонскиот клуб постигнал целосен договор со Џордан Хендерсон, кој би требало да дојде на Стамфорд Бриџ како слободен играч.