Дома Фудбал Омерагиќ пред Рига: Ќе се бориме за дресот и боите на Вардар до крај!

Омерагиќ пред Рига: Ќе се бориме за дресот и боите на Вардар до крај!

Вардар утре ќе го одигра реваншот против Рига во квалификациите за Конференциската лига, во кој ќе се обиде да ја надополни негативата од првиот натпревар.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Црвено-црните“ во Скопје загубија со 2-3, но капитенот Азер Омерагиќ верува дека резултатот од првиот дуел не значи дека е решено прашањето за патникот во следната рунда.

Омерагиќ очекува голема борба во Летонија и порача дека тимот ќе даде максимум за клубот и за вардаровиот дрес.

„По натпреварот во Скопје, ни следи реваншот во Рига. Ништо не е готово затоа што ни следи второ полувреме со ривалот. Ќе се бориме на терен, ќе играме за дресот и боите на Вардар, сакаме добро европско издание“, изјави капитенот.

Според Омерагиќ, за позитивен резултат ќе биде неопходно Вардар да одигра дисциплинирано и без непотребни грешки, а фудбалерите доследно да ги применат насоките добиени од стручниот штаб.

„Ако функционираме добро тактички и без грешки и ако ги следиме советите на тренерот од тренинзите, можеме до позитивен резултат за нас во Рига“, додаде Омерагиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси со сензационна понуда за уште еден ветеран

Челси подготвува уште еден сензационен трансфер. Откако стана јасно дека блиску до договор…