Дома Фудбал Речиси има договор: Еве кој ќе биде нов селектор на Италија!

Речиси има договор: Еве кој ќе биде нов селектор на Италија!

Легендарниот дефанзивец на Италија, Паоло Малдини, кој неодамна беше назначен за технички директор на Фудбалската федерација на Италија (ФФИ), има многу обврски – тој е во потрага по нов селектор за Азурите, и веќе доби две негативни одговори.

Карло Анчелоти прв соопшти дека, и покрај неуспехот на Светското првенство, не сака да го напушти Бразил и да седне на клупата на Италија, а по него и Пеп Гвардиола му се заблагодари на Малдини за понудата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Италијанците беа подготвени на Гвардиола да му го поверуваат водството на сите фудбалски прашања во долгорочен проект, каде тој нема да биде само селектор, туку и главен на фудбалот во оваа земја. Но, Пеп сепак ја одби понудата, бидејќи сака да се посвети на семејството, да се одмори и да ја исполни својата енергија, пред повторно да размислува за кариерата.

Откако доби одбивања од двајцата најтрофејни тренери на својата генерација, Андреа Пирло стана главен кандидат за клупата на Италија.

Пирло започна со тренерската кариера во 2020 година во Јувентус, а потоа ги предводеше турскиот Фатих Карагумрук и италијанската Сампдорија. Од летото 2025 година е тренер на тимот Јунајтед ФЦ од Обединети Арапски Емирати.

На листата кандидати се уште Антонио Конте и Роберто Манчини, но италијанските медиуми откриваат дека Малдини најпрво ќе води разговори со Пирло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познато зошто Гвардиола нема да ја води Италија

Фудбалската репрезентација на Италија ќе мора да причека уште малку за да именува нов селе…