
Италијанските новинарски здруженија, заедно со Европската федерација на новинари и Комитетот за заштита на новинари побараа детална истрага за да се утврди дали убиството е поврзано со неговата новинарска работа.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Медиумската јавност во Италија беше потресена од веста за убиството на спортскиот новинар Луиџи „Луче“ Еспозито (53), чие запалено тело беше пронајдено во недела на земјоделска локација во близина на Еболи, провинцијата Салерно. Полицијата веднаш покрена истрага, сомневајќи се за убиство со сериозни криминални намери, а првичните резултати од обдукцијата укажуваат на особено сурова природа на злосторството.
Еспозито беше познат спортски новинар и главен уредник на порталот TuttoSalernitana.com, кој беше специјализиран за следење на клубот Салернитана. Тој соработуваше и со повеќе локални телевизии и весници.
Неговата смрт предизвика бројни реакции меѓу колегите и новинарските организации низ цела Италија.Според информациите обдукцијата откри дека Еспозито не починал од пожарот.
Како најверојатна причина за смртта се наведува насилна механичка асфиксија, односно гушење, додека запалувањето на телото и другите пронајдени траги, меѓу кои и чаури, веројатно требале да го прикријат злосторството. Истрагата продолжува со дополнителни токсиколошки, генетски и хистолошки анализи за да се разјаснат сите околности.
Истражителите насочуваат внимание кон приватниот круг на познаници на Еспозито. Снимките од камери покажуваат дека новинарот стигнал до местото каде што било пронајдено телото во друштво на уште едно лице, а неговото возило е пронајдено заклучено, со клучеви во џебот, што укажува дека можеби доброволно отишол таму.