
Откако ФИФА потврди дека Светското првенство 2030. година ќе собере дури 64 репрезентации по повод стогодишнината од Мундијалот, низ европската фудбалска јавност сè појако кружат гласини дека и УЕФА може да тргне по сличен пат кога станува збор за Европското првенство.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Иако засега нема официјална потврда од седиштето на УЕФА, се повеќе медиуми и фудбалски аналитичари зборуваат за можноста дека ЕП 2032 или ЕП 2036 ќе биде проширен на дури 32 репрезентации учеснички. Таков чекор дополнително би го зголемил бројот на натпревари, но и ќе ги отвори вратите за поголем број национални тимови.
Актуелниот формат на Европското првенство вклучува 24 репрезентации, модел кој првпат беше применет на ЕП 2016 година во Франција. Во споредба со претходните 16 селекции, овој формат овозможи на поголем број земји да се квалификуваат на завршниот турнир.
Идејата за ново проширување се појави откако ФИФА донесе одлука дека јубилејниот Мундијал 2030. година ќе се одигра со рекордни 64 учесници.
Многумина сметаат дека UEFA може да го следи тој тренд и дополнително да го прошири своето најважно репрезентативно натпреварување.
Една од предностите на ваквиот модел би била поголема застапеност на европските репрезентации кои во последните години често остануваат без пласман и покрај квалитетните квалификации.