Дома Фудбал Meси утре испишува историја, може ли како Кафу?

Meси утре испишува историја, може ли како Кафу?

Аргентинската фудбалска репрезентација во недела од 21 час во Њујорк ќе го одигра финалето на Светското првенство против Шпанија.

“Гаучосите” ќе се обидат да го одбранат светскиот врв кој го освоија пред четири години во Катар, стремејќи се по четврти пат во својата историја да станат светски шампиони.

Ова ќе биде еден од најзначајните натпревари во кариерата на легендарниот Лионел Меси и негово трето финале на Мундијалот.

Меси беше дел од сите успеси од 2014 година во Бразил и 2022 година во Катар, и резултатите му беа одлични. Во финалето од Мундијалот 2014, Аргентина беше поразена од Германија, додека осум години подоцна, успеа да ја совлада Франција.

Пред него, само Бразилецот Кафу, настапи на три финалиња на Мундијал. Тоа беа 1994, 1998, и 2002 година. Два пати излезе како победник, додека во 1998, Французите беа подобри од “кариоките”.

Ќе видиме дали Меси ќе успее да го изедначи неговиот успех.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бредфорд се потсети на 2013: Со 2-0 до четвртфиналето во Лига купот!

Гилеспи и Филипс го решија Питерборо, а Бредфорд првпат по походот до „Вембли“ во 2013 год…