Дома Фудбал Меси конечно за првпат зборуваше за фотографијата со Јамала: Тоа е лудо…

Меси конечно за првпат зборуваше за фотографијата со Јамала: Тоа е лудо…

Една од најпрепознатливите фотографии во фудбалскиот свет прикажува како Лионел Меси го држи Ламине Јамал како бебе од пет месеци во 2007 година, и таа повторно привлече внимание откако Аргентина и Шпанија се пласираа во финалето на Светското првенство. Конечно и капитенот на Аргентина проговори за оваа фотографија.

Фотографирањето беше дел од хуманитарен календар за 2008 година, организиран во соработка на Фондацијата на Барселона, весникот Спорт и УНИЦЕФ. Во проектот, фудбалерите на Барселона беа фотографирани со деца, а семејството на Јамал учествуваше откако беше избрано преку хуманитарна лотарија. Автор на култната фотографија беше Жоан Монфорт.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


“Искрено, таа фотографија е нешто неверојатно. Лудо о е како животот ги сложува работите. Се фотографирам со него како бебе, а денес, 19 години подоцна, играме еден против друг во финалето на Светското првенство. Тоа што го кажувам звучи целосно неверојатно, но е баш така”, призна Меси не криејќи го своето зачудување од судбината.

Меси ја искористи приликата јавно да го пофали 19-годишниот шпански талент, истакнувајќи ја својата посветеност на неговиот поранешен клуб Барселона.

“Ламин е фантастичен играч кого многу го следев бидејќи игра за клуб кој бескрајно го сакам и на кој секогаш му посакувам сѐ најдобро. Тој веќе на 19 години стана еден од водечките фигури во светскиот фудбал. Моментално е, без никакво двоумење, меѓу најдобрите играчи во светот. Му посакувам огромна среќа и успех во кариерата, бидејќи сѐ што е добро за него, добро е и за Барселона”, изјави Меси.

Иако има само позитивни зборови за младиот ас, аргентинскиот капитен јасно порача дека на теренот нема да има “попусти”.

“Пред него е целата кариера и има одлична можност да постигне нешто историско во ова финале. Сепак, од наша страна ќе направиме апсолутно сѐ што можеме за да се погрижиме тоа овојпат да не му успее”, заврши Меси со насмевка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ванда во жешко издание навива за Аргентина, соблече речиси се од себе! (Фото)

Ванда Нара повторно предизвика големо внимание на социјалните мрежи откако објави фотограф…