
Барселона ова лето можеби ќе го засили нападот, а спортскиот директор Деко добил понуда за колумбискиот играч Џон Дуран. Иако Деко високо го цени 22-годишниот фудбалер од Ал-Наср, тој моментално не е приоритет за каталонскиот клуб. Според Трансфермаркт, вредноста на Дуран изнесува 15 милиони евра.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според шпанскиот весник Diario Sport, управата на Камп Ноу е целосно насочена кон ангажманот на Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид. Тој е нивниот прв избор за позицијата централен напаѓач. Барселона, истовремено, бара дополнително решение во нападот, бидејќи заминувањето на Феран Торес е се поизвесно. Торес одбива да го продолжи договорот, а шпанските медиуми наведуваат дека веќе разговарал со ПСЖ за можен трансфер.
Интересно е дека Деко ја следи кариерата на Дуран веќе подолго време. Португалецот се обиде да го доведе уште во 2025 година, кога Колумбиецот беше еден од најперспективните млади напаѓачи во Европа, но тогашниот обид за договор не беше успешен. Во меѓувреме, околностите се променија.
Дуран е под договор со Ал-Наср, но минатата сезона ја помина на позајмица. Првиот дел играше за Фенербахче, а вториот во рускиот Зенит, па неговата иднина повторно стана тема на фудбалскиот пазар.
Иако е понуден на Барселона, шпанскиот шампион засега не презел конкретни чекори. Чини се дека Дуран може да ја продолжи кариерата во Португалија. Според истите извори, Бенфика е многу блиску до договор со Ал-Наср за едногодишна позајмица која би вклучила и опција за откуп на крајот на сезоната.
Одлуката на Барселона веројатно ќе зависи од тоа дали ќе успеат да го реализираат трансферот на Хулијан Алварез. Доколку не го осигураат потписот на аргентинскиот репрезентативец, не се исклучува можноста каталонскиот клуб повторно да се насочи кон Дуран, играчот кој Деко го цени долг период.