Дома Фудбал Камерите го „уловија“: Погледнете ја реакцијата на Мбапе по вториот гол на Шпанија (Видео)

Камерите го „уловија“: Погледнете ја реакцијата на Мбапе по вториот гол на Шпанија (Видео)

Килијан Мбапе се најде под лупа на јавноста во Франција после појавување на видео кое открива како реагирал кога Шпанија постигна втор гол во полуфиналето на Светското првенство.

Французите не успеаја да обезбедат трето последователно финале на Светското првенство откако вчеравечер, Шпанија ги победи со резултат 2:0 во жестоката полуфинална пресметка.

Многумина беа уверени дека Триколорите ќе си заминат со златниот медал од оваа годинашно првенство, бидејќи имаа впечаток на непобедливи, но вчеравечер во натпреварот против Шпанија целосно потфрлија на секое поле.

Шпанците одиграа извонреден натпревар, брилијантно надминувајќи ја Франција во сите аспекти, што доведе до заслужена победа и пласман во големото финале со 2:0.

Црвената фурија го отвори резултатот во 22. минута со голот на Ојарзабал од белата точка, а во средината на второто полувреме Педро Поро постигна поготок за 2:0 на семафорот.

Француската јавност ги насочи своите критики најмногу кон Дидиер Дешамп за стратегијата и тактичката поставеност во вчерашниот натпревар, додека Мбапе исто така беше на мета на критиките.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ништо од големо засилување за Спалети: Поранешниот фудбалер на Милан нема да потпише за Јувентус

Утрово заврши една од големите летни саги откако познатиот африкански фудбалер Франк Кеси …