Дома Фудбал Тревога во Барселона: Френки де Јонг со тешка повреда

Тревога во Барселона: Френки де Јонг со тешка повреда

Подготовките за новата сезона за Барселона не започнаа на најдобар начин. Во понеделник дел од играчите на првиот тим беа повикани на задолжителни медицински прегледи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Меѓу нив не беа фудбалерите кои учествуваа на Светското првенство, кои добија дополнителен одмор. Сепак, низ базата на клубот поминаа Роналд Араухо и Френки де Јонг, при што токму Холанѓанецот се најде во центарот на лошите вести.

Според информациите на „Марка“, играчот од средниот ред има добиено сериозна повреда на коленото. Сè уште нема конечна дијагноза, бидејќи ќе следуваат дополнителни истражувања во наредните денови. И покрај тоа, загриженоста во клубот е многу голема, бидејќи постојат стравови за најлошиот сценарио. Не е исклучено Де Јонг да остане надвор од терените во период од неколку месеци, при што се споменуваат и четири месеци за враќање.

Засега клубот нема излезено со официјално соопштение во врска со повредата. Пред тоа треба да се потврди конечната дијагноза, што ќе се случи дури по сите потребни тестови на играчот. Она што изгледа сигурно е дека ситуацијата не е оптимистична.

Изминатите години не беа среќни за Де Јонг со повредите. Изминатата сезона пропушти речиси два месеци поради мускулна повреда во бутот. Тоа се случи во клучен момент од кампањата – меѓу крајот на февруари и почетокот на април. Пред тоа, тој имаше повреда на зглобот која го спречи во игра две пати, со што вкупно беше отсутен шест месеци и пропушти 31 натпревар.

Се чека да се види колку време ќе биде отсутен овој пат. Ако прогнозите за четири месеци се потврдат, играчот од средниот ред нема да може да се врати во игра пред ноември и ќе пропушти голем дел од почетокот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Моќна Шпанија ја прегази Франција и ја заврши ерата „Дешан“

Шпанија ќе игра во финале на светско првенство за втор пат во својата историја. „Црвената …