Дома Фудбал Лука Вушковиќ стана втор најскап хрватски фудбалер во историјата!

Лука Вушковиќ стана втор најскап хрватски фудбалер во историјата!

Хрватскиот репрезентативен дефанзивец Лука Вушковиќ потпиша за Брајтон, доаѓајќи од Тотенхем. Деветнаесетгодишникот се согласи на петгодишен договор, со можност за продолжување на уште една сезона. Деталите од договорот не се објавени, но претходно се споменуваше дека Брајтон на Тотенхем ќе му плати 53 милиони евра, плус дополнителни пет милиони евра бонуси.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Лондонскиот клуб ќе учествува и со 20 проценти од следниот трансфер на Вушковиќ. Вушковиќ со ова стана најскапо платен играч на Брајтон и вториот најскап хрватски фудбалер. Поголем трансфер од него направи само Јошко Гвардиол, кој од Лајпциг премина во Манчестер Сити за 90 милиони евра.

Најголеми трансфери на македонски фудбалери

1. Јошко Гвардиол: Лајпциг → Манчестер Сити за 90 милиони евра
2. Лука Вушковиќ: Тотенхем → Брајтон за 53 милиони евра
3. Матео Ковачиќ: Реал Мадрид → Челси за 45 милиони евра
4. Матео Ковачиќ: Интер → Реал Мадрид за 38 милиони евра
5. Лука Модриќ: Тотенхем → Реал Мадрид за 35 милиони евра
6. Никола Влашиќ: ЦСКА → Вест Хем за 30 милиони евра
7. Марко Пјаца: Динамо → Јувентус за 29.4 милиони евра
8. Матео Ковачиќ: Челси → Манчестер Сити за 29.1 милиони евра
9. Дејан Ловрен: Саутхемптон → Ливерпул за 25.3 милиони евра
10. Никола Влашиќ: Евертон → ЦСКА за 23 милиони евра

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Каков хаос: Испаднаа од СП, па го обвинија докторот на фудбалерите дека бил гинеколог!

Поразот на Сенегал во осминафиналето на Светското првенство од Белгија (3:2 по дополнителн…