Дома Фудбал Се појавија нови детали за скандалот со црвениот картон на Американците!

Се појавија нови детали за скандалот со црвениот картон на Американците!

Сѐ уште не се смируваат страстите поради епскиот скандал на Светското првенство во Америка, каде што ФИФА го поништи црвениот картон на Фоларин Балогун, напаѓачот на репрезентацијата на Соединетите Американски Држави.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Поточно, суспензијата на Балогун од една натпревар неиграње беше претворена во условна за наредната година, што досега не е видено во светот на фудбалот, а денес испливуваат нови детали од скандалот.

Откриено е дека црвениот картон на Балогун е поништен на тотално неверојатен начин, бидејќи во самиот процес на поништување на суспензијата учествувал само еден од 18-те членови на Дисциплинската комисија на ФИФА.

Клучниот човек во оваа „операција“ на Американците беше претседателот на Дисциплинската комисија на ФИФА, Мохамед Ал Камали од Обединетите Арапски Емирати, кој самостојно донесе одлука за поништување на суспензијата на Балогун.

Ал Камали воопшто не ги консултирал останатите 17 членови на својата комисија, а така се засилуваат сомнежите дека беше под влијание или притисок од надворешен фактор.

🚨 𝗕𝗥𝗘𝗔𝗞𝗜𝗡𝗚: Одлуката на ФИФА да ја укине автоматската суспензија на Фоларин Балогун наводно била донесена од само една личност: претседателот на Дисциплинската комисија Мохамед Ал Камали.

Останатите 17 членови на комисијата не биле консултирани, според извештајот.

@martynziegler pic.twitter.com/bfkgWywJ6z— The Touchline | 𝐓 (@TouchlineX) July 12, 2026

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Олисе е голем човек: Знаете ли зошто неговите фотографии од Мундијалот не се професионални?

Фудбалерот Мајкл Олисе уште еднаш покажа дека лојалноста и благодарноста се за него поважн…