Дома Фудбал Суперкомпјутерот ги објави новите пресметки, Аргентина е аутсајдер во битката за трофејот!

Суперкомпјутерот ги објави новите пресметки, Аргентина е аутсајдер во битката за трофејот!

Суперкомпјутерот кој го користи реномираната платформа за фудбалска статистика и анализа Football Meets Data го заврши пресметувањето на шансите за освојување на титулата светски шампион откако беа одиграни четвртфиналните натпревари.

Овој суперкомпјутер симулираше 50.000 комбинации за секој натпревар и заклучокот е дека Франција има најголеми шанси од четирите преостанати претенденти на Светското првенство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Французите имаат 31 процент шанси да ја освојат светската титула. Второпласирана е Шпанија со 25 проценти, додека Англија има 23 проценти шанси. Аргентина, актуелниот светски првак, се наоѓа на последното место меѓу овие селекции со 21 процент шанси за победа.

Она што го прави ова натпреварување посебно интересно е дека првите два фаворита се соочуваат во првото полуфинале. Франција и Шпанија ќе се сретнат на 14 јули во 21 часот во Далас. Што се однесува до оваа средба, суперкомпјутерот ги фаворизира Французите со 55 проценти шанси за влез во финалето.

Следниот ден, на 15 јули во истото време во Атланта, ќе се игра дуелот помеѓу Англија и Аргентина. Оваа средба е уште понеизвесна, а суперкомпјутерот дава 51 процент шанси на Англичаните за да ја продолжат трката.

Да потсетиме, поразените тимови од полуфиналето ќе се борат за бронзен медал на 18 јули во 23 часот во Мајами, а големото финале е закажано за 19 јули во 21 часот во Њу Џерси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Почина човекот поради кого беа воведени картоните на фудбалските натпревари

Поранешниот капитен на аргентинската фудбалска репрезентација, Антонио Ратин, почина во 89…