Дома Фудбал Нова драма, зовреа страстите: Играчите го бојкотирале Кристијано Роналдо?

Нова драма, зовреа страстите: Играчите го бојкотирале Кристијано Роналдо?

Во Португалија не се смируваат страстите по испаѓањето од Светското првенство. Има многу обвинувања, главно насочени кон Кристијано Роналдо, за кого медиумите сметаат дека со егоизмот го уништил тимот. Боби Мартинез се повлече веднаш по елиминацијата од Шпанија, нов селектор ќе биде Жорж Жесус.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сестрата на Роналдо дополнително ја зголеми тензијата со тврдења дека играчите од средниот ред ја додавале топката назад наместо на нејзиниот брат, а има дел од јавноста кој смета дека бил присутен тивок бојкот.

Бруно Фернандеш бил принуден да ги исклучи коментарите на социјалните мрежи, некои навивачи го обвинуваат дека се сокрил на теренот, дека бил незадоволен од присуството на Роналдо во тимот, дека ниту тој, ниту Витинја, ниту останатите средни играчи не играле онака како што знаат.

Ова, се разбира, нема никаква логика, ниту пак постојат докази, едноставно Португалија беше заложник на Роналдо, тој ја добиваше топката.

Легендарниот Јури Ѓоркаеф коментирајќи го наводниот раздор во тимот истакна дека останатите играчи едноставно му дозволиле на Роналдо да биде главен и очекувале од него да решава, па затоа и се повлекле.

„Тоа и е една форма на бојкот, ми изгледаа резигнирано“, рече некогашниот светски првак.

Ова не е генерацијата на Роналдо, во неа нема некакви пријатели, често се зборуваше дека е изолирана фигура во оваа деценија, особено по заминувањето на Пепе и уште неколкумина постари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лесно им е на парижаните: Остварија продажба за 300 милиони, две засилувања за 200 милиони!

Сигурно ниту еден од големите европски клубови пред летото не е во поудобна позиција од ПС…