
Седумнаесетгодишна девојка го загуби животот во Оноа-Емери во северна Франција, откако паднала од камион по повод славењето на победата на Француската репрезентација на Светското првенство.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Првичните извештаи покажуваат дека девојката се искачила на задниот дел од камионот без приколка, за да го прославува триумфот.
Во еден момент таа ја изгубила рамнотежата, паднала од возилото, а потоа камионот ја прегазил.
Пожарникарите и итната медицинска служба брзо стигнале на местото на настанот, но можеле само да ја констатираат смртта на девојката, која подлегнала на сериозните повреди.
На страшниот настан присуствувале уште шест малолетници.
На сите им била укажана медицинска помош, додека една личност поради тежок шок била пренесена во болницата во Мобеж.
Возачот на камионот е приведен и задржан во полициски притвор, почната е истрага поради сомневање за предизвикување смрт во сообраќајна несреќа од невнимание.
Франција се пласираше во полуфиналето на Мундијалот, откако во четвртфиналето на Светското првенство го совлада Мароко со 2:0.