
Познатиот бразилски фудбалер Неймар размислува за завршување на кариерата, јавуваат медиумите во оваа земја.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Неймар по Светското првенство на кое Бразил беше елиминиран во осминафиналето од Норвешка објави дека ја завршува кариерата во репрезентацијата, но 34-годишникот кој постојано се мачи со повреди размислува дали воопшто треба да продолжи со играњето фудбал.
По неуспехот на Светското првенство, Неймар е потиштен. На Светското првенство одигра помалку од 45 минути и големо е прашањето дали 34-годишниот фудбалер на Сантос воопшто сака да продолжи понатаму, оти досега го движеше желбата уште еднаш да игра за Бразил на Светското првенство.
Бразилецот постигна блескава кариера. Најголем печат остави во Барселона со која ја освои Лигата на шампионите во 2015, а потоа патот го водеше во Пари Сен Жермен и саудискиот Ал Хилал, за на крај да се врати во Сантос, клубот каде што го започнал својот развој.