Дома Фудбал Парагвајци запалија кукла со ликот на Мбапе (Видео)

Парагвајци запалија кукла со ликот на Мбапе (Видео)

Страстите по натпреварот од осминафиналето на Светското првенство меѓу Франција и Парагвај не се смируваат.

Француските медиуми пренесуваат за шокантни сцени кои вчера вечерта ги преплавија социјалните мрежи, а во центарот на скандалот повторно се најде првата ѕвезда на Триколорите, Килијан Мбапе.

Како што пренесува француските медиуми парагвајските навивачи го искористиле својот традиционален фестивал Сан Хуан Ара за еден срамен чин.

На улиците беше запалена голема импровизирана кукла со ликот на Килијан Мбапе, што предизвика лавина осуди од секаде низ светот.

Очигледно е дека Парагвајците не можат да го преболат испаѓањето во осминафиналето од Франција, а Мбапе, како водач на францускиот тим, стана нивна главна мета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голем пресврт во Реал Мадрид: Мурињо го сопре заминувањето на играчот кој веќе беше отпишан

Завршницата на преодниот рок може да донесе неколку изненадувања, а едно од најголемите е …