Дома Фудбал Ѕвезда на Борусија Дортмунд во неочекуван трансфер кон Барселона?

Ѕвезда на Борусија Дортмунд во неочекуван трансфер кон Барселона?

КАРИМ АДЕЈЕМИ (24) наскоро би можел да биде играч на Барселона. Каталонскиот клуб веќе усно се договори со офанзивниот фудбалер и моментално води интензивни преговори со Борусија Дортмунд за да ја одреди финалната цена на трансферот. Привлечувањето на Адејеми е изразена желба на тренерот Ханси Флик.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Флик смета дека фудбалските квалитети на играчот од Дортмунд совршено се вклопуваат во визијата на играта што планира да ја спроведе во Барса. Името на Адејеми и претходно беше поврзувано со Барселона, уште од времето кога играше за РБ Салцбург. Со Борусија тој има договор до 30 јуни 2027 година, што го става германскиот тим во позиција да мора да преговара за да избегне ризикот играчот да влезе во последната година од договорот и потоа да биде бесплатен трансфер.

Во тимот што го води Нико Ковач, Адејеми минатата сезона постигна десет голови и обезбеди шест асистенции во 39 натпревари. Својата кариера ја започна како играч на РБ Салцбург и играше уште на позајмица во Лиферинг, пред да пристигне во Дортмунд во 2022 година. За Борусија (Д) одигра 146 натпревари, постигна 36 голови и 25 асистенции.

Без трофеј со Дортмунд, со кој во сезоната 2023/24 играше финале во Лигата на шампионите и загуби од Реал Мадрид со 0:2. Трансфермаркт ја проценува вредноста на овој повремен германски репрезентативец на 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тежок удар за Мароко: Фудбалерот кој е хит на Мундијалот нема да игра против Франција!

Фудбалерите на репрезентацијата на Мароко вечерва од 22:00 часот ќе се соочат со Франција …