
КРИСТИЈАНО РОНАЛДО, капитенот на португалската репрезентација и носител на рекордите според број на натпревари и голови, не се врати во Лисабон заедно со своите соиграчи. По елиминацијата на Португалија од страна на Шпанија на Светското првенство во осминафиналето, Роналдо стигна во татковината користејќи приватен авион. Според Марка, Роналдо бил многу љубезен со аеродромскиот персонал и се поздравил со сите присутни во аеродромот.
🚨 Кристијано Роналдо е забележан како пристигнува во Лисабон утрово со својот приватен авион по елиминацијата на Португалија против Шпанија.
— MARCA in English 🇺🇸 (@MARCAinENGLISH) July 8, 2026
Не се врати со своите соиграчи, означувајќи тивок крај на она што изгледа како негово последно Светско првенство 💔#ronaldo #cristianoronaldo #cr7 #cristiano pic.twitter.com/to3YoU9y9a
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Легендарниот португалски напаѓач беше подложен на критики на ова Светско првенство. Португалија располага со силен тим и неколку играчи од светска класа, но многумина му замеруваа на капитенот дека не се вклопува во екипата и не придонесува колку што се очекуваше од него.