
Од првото коло на Мундијалот, кога во натпреварот против Алжир Лионел Меси не доби црвен, па ни жолт картон за остриот старт и газење на противнички играч, контроверзиите околу наклонетоста на ФИФА кон Аргентина не престануваат.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Сетоа тоа кулминираше по натпреварот од осминафиналето помеѓу Аргентина и Египет, во кој Египќаните постигнаа неспорно поништен гол и одбранија пенал, успевајќи да водат со 2:0, за на крајот да претрпат пораз од актуелните шампиони кои направија пресврт.
Кон крајот, натпреварот се претвори во целосен хаос, беа видени и слушнати многу контроверзни моменти. И најверојатно, сето тоа ќе има уште повеќе одек.
Многу гласови се слушаат – Египет бил сурово оштетен и ограбен.
Некој употребил малку повеќе од четири минути за да собере сите моменти кои можат да се сметаат како сомнителни одлуки на судијата Франсуа Летексиер и собата на ВАР, кои биле во прилог на Аргентина, а против Египет.
Погледнете и споделете ја вашата перспектива за она што се случи на овој натпревар.
Создаден е компилационен видео клип од 4 минути кој ги покажува ситуациите каде Аргентина беше фаворизирана против Египет.
— FLA Henrique (@flahenriquebr) 7 јули, 2026
Светски скандал без преседан. Колку корупција е вклучена. 🤢 pic.twitter.com/od2BQ1bZY1