Дома Фудбал ФИФА шокираше со изборот за судијата за натпреварот на Франција и Мароко

ФИФА шокираше со изборот за судијата за натпреварот на Франција и Мароко

Откако вчера се одиграа последните два натпревари од осминафиналето на Светското првенство, денес во календарот е означен ден за одмор.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Значи, денеска нема да следиме натпревари од големиот спортски настан, додека утре е закажана првата од четирите четвртфинални средби на ова натпреварување.

Се работи за натпреварот меѓу Франција и Мароко, кој ќе започне во 22 часот според наше време.

Јасно е дека Французите се фаворити на овој дуел, но Мароко на овогодинешното Светско првенство покажа дека има многу што да понуди.

Многумина очекуваат, особено по вчерашната контроверзна победа на Аргентина против Египет, да имаат можност да го гледаат повторно финалето од пред четири години.

Тогаш во завршната пресметка играа Франција и Аргентина, а тимот на Меси го освои Светското првенство по подобра реализација на пеналите.

Сепак, одлуката на ФИФА за арбитрите на мечот меѓу Франција и Мароко предизвика шок и промени мислења на многумина ширум светот.

Имено, натпреварот меѓу Франција и Мароко ќе го суди комплетен судиски тим од Аргентина.

Главен судија ќе биде Факундо Тело, судија за кого многумина веруваат дека му помогна на Мароко да ја победи Португалија на последното Светско првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шефот на мароканскиот фудбал: Јамал? Не знам ниту еден Шпанец кој се вика така!

Шпанија се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство и во петок во 21 час по маке…