Дома Фудбал „Каде е Меси, нека биде и тој во ВАР-собата“: Објавата на ФИФА предизвика хаос на мрежите, ја видоа повеќе од 30 милиони луѓе

„Каде е Меси, нека биде и тој во ВАР-собата“: Објавата на ФИФА предизвика хаос на мрежите, ја видоа повеќе од 30 милиони луѓе

ФИФА ги објави судиите за дуелот помеѓу Франција и Мароко, а одлуката сите арбитри да бидат од Аргентина, предизвика бура на социјалните мрежи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


ФИФА ја објави судиската постава за големото четвртфинале меѓу Франција и Мароко, а таа одлука предизвика лавина реакции низ светот – бидејќи сите пет членови на судискиот тим ќе бидат од Аргентина.

Главен судија на натпреварот во Бостон ќе биде Факундо Тељо, а негови помошници ќе бидат Хуан Пабло Белати и Габриел Чаде. Четврти судија е Дарио Ерера, а резервен е Кристијан Наваро – сите од Аргентина.

Одлуката на ФИФА веднаш стана вирална и предизвика бура меѓу навивачите. Социјалните мрежи се вжештија, а многумина изразија незадоволство поради фактот што целокупниот судиски тим доаѓа од државата на актуелниот светски шампион.

„ФИФА повеќе не крие, зошто не го воведете и Меси во ВАР-собата”, „Сите аргентински судии за натпреварот Франција, ова нема смисла” и „Нема шанса да ги побиете обвиненијата после ова”, „Срамота, сè местите за Аргентина” – се само некои од реакциите кои се појавија покрај објавата на ФИФА која ја виделе повеќе од 30 милиони луѓе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпански коментатор без „влакна на јазикот“: Ова е најголемиот грабеж во историјата кој ФИФА го спроведе!

Познатиот шпански фудбалски коментатор Маноло Лама ја обвини ФИФА дека извршила најголем с…